Од 310 хотели во Црна Гора, во 147 има само еден вработен, покажале најновите податоци.
Тоа значи дека еден човек во хотелот ги извршува обврските и на рецепционерот, готвачот, келнерот, менаџерот, правникот.
На оваа тема се осврнал и министерот за туризам Павле Радуловиќ. Според него, во оваа земја имало хотели кои работат сомнително, па нивното работење ќе биде проверено.
– Има хотели кои работат под сомнителни околности. Минатата година ја поминавме правејќи навистина сериозна анализа и направивме попис на хотели врз основа на нивните завршни сметки. Некои од нив имаат сомнително мал број на вработени во однос на бројот на гости, но и сомнително мал број на пријавени гости во однос на капацитет – рекол Радуловиќ.
ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC