Згответе го плевелот, направете сируп од јоргованот, сварете си кафе од глуварче

Елена Доленц која со сопругот Дарио и трите деца пред повеќе од 3 години се доселила во селото Шлегово ни покажа како изгледа менито на едно семејство кое живее во симбиоза со природата и животните. Настанот наречен „Готвење со диви билки“ се одржа во саботата (04.мај) во скопско горно Нерези

362

Изминатиов викенд во село горно Нерези се готвеше со диви билки. Токму така – „Готвење со диви билки“, беше наречен и настанот на кој Елена Доленц покажа како може да се искористи она што ни го дава природата, а притоа да се јаде и вкусно и здраво.

„Целта на настанот беше подобро да се запознаеме со природата која не опкружува и да научиме како да го искористиме она што таа ни го дава. Кај нас растат навистина многу видови на јадливи и лековити билки, а истите сѐ помалку се употребуваат. Она што некогаш секојдневно било застапено во кујните на нашите прабаби, ние денес го нарекуваме плевел, го корнеме, го одминуваме и за нас нема никакво значење. Свеста за улогата на сите овие билки е сѐ помала, па така овој настан освен што понуди едно прекрасно уживање во бои, мириси и вкусови, имаше и едукативна цел и на истиот се споделуваа информации за билките што ги употребувавме. Сите рецепти претходно ни беа испробани и беа запазени сите мерки на претпазливост. Во рецептите доминираа дивите билки и истите беа приготвени на начини кои овозможуваа да се зачуваат хранливите состојки“, објаснува Елена која со семејството, сопругот Дарио и трите деца, од пред повеќе од 3 години заминала да живее во селото Шлегово, близу Кратово.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...