Трамп го поддржуваат 45 отсто од Американците

68
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп.

Тоа се случува првпат откако Трамп влезе во Белата куќа на 20 јануари 2017 година.

Според анкетата, 46 проценти од Американци ја поддржуваат политиката на Трамп. На почетокот на март неговата популарност беше 39 отсто.

Според анкетата, зголемена поддршка за политиките на Трамп има кај и републиканците и демократите. Трамп има поддршка кај 91 отсто од  републиканците – највисоко кај таа група гласачи , речиси се совпаѓа со рекордно високо ниво од 92 отсто од ноември минатата година.

Рејтинзите за демократите кои го подржуваат Трамп остануваат ниски, но релативно високи за таа група – најновите 12 отсто  се повеќе од  претходното ниво од април 2017 година.

Анкетата на Галуп е направена во периодот 17-30 април.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...