Тринаесет лица вчера загинаа кога приватен авион се урна во реонот помеѓу Невада и Монтереј, соопштија властите на мексиканската сојузна држава Коауила.
Во леталото имало десет патници и тројца членови на екипажот. Во несреќата нема преживеани.
Министерството за сообраќај на Мексико претходно соопшти дека млазен авион „Бомбардер Челинџер 601“ кој летал од Лас Вегас, САД кон Монтереј исчезна од радарите.
Авионот летал од Лас Вегас до Монтереј. Патниците се враќале од бокс меч во американскиот град.
Поради посетата на папата денеска ќе има посебен безбедносен и сообраќаен режим во градот.