Папата Франциск во секој момент се очекува да слета на скопскиот аеродром. Скопје е веќе под полициска опсада, безбедноста е на највисико ниво, низ градот може да се забележат припадници на полицијата, специјалци, воена полиција…
Папата на аеродромот официјално ќе биде пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, по што ќе се упатат кон претседателската вила Водно каде што ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор.
Посетата на папата Франциск, се оценува како историски чин, а се реализира во исклучително важен период за земјава, кога исчекорува по патот на европските и евроатлантските интеграции, ја зацврствува внатрешната кохезија и носи пораки за помирување и солидарност.
Поради посетата на папата во Скопје денеска има посебен безбедносен и сообраќаен режим.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI