Голема група навивачи, попладнево еуфорично ги пречекаа ракометарите на Вардар пред салата „Јане Сандански“, каде заедно го прославија пласманот на фајнал фор турнирот во Келн.
Вардар вчера загуби на гостувањето кај Пик Сегед, но благодание на триумфот од првиот меч, „црвено-црните“ обезбедија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони.