Алијансата за Албанците им заблагодари на граѓаните кои го изразиле нивниот суверенитет и на Стево Пендаровски му ја честита победата на претседателските избори.
Од Алијансата истакнаа дека демократијата е волја на мнозинството во рацете на граѓаните, како што бил, велат, вчерашниот избор на претседателот на државата.
„Им честитаме на сите граѓани кои изразија суверенитет, секој на свој начин и своја форма. На крајот на краиштата, ова е демократија. На Пендаровски му го честитаме изборот за претседател на РСМ. Би сакале оваа институција да почне да дише во духот на етничката реалност на РСМ и да завршат еднаш и засекогаш досегашни практики“, се наведува во соопштението од партијата на Зијадин Села.