Брзинскиот мотоциклизам се враќа во календарот на МФМ

По повеќе од десетгодишна пауза брзинскиот мотоциклизам повторно е дел од системот натпревари на Мотоциклистичката федерација на Македонија.

120

По повеќе од десетгодишна пауза брзинскиот мотоциклизам повторно е дел од системот натпревари на Мотоциклистичката федерација на Македонија. Новото раководство на федерацијата со помош на државата ги враќа сите шампионати во својот календар.

– Ова е навистина радосна вест за сите вљубеници во брзинскиот мотоциклизам, да уживаат на натпревар од Шампионатот на Македонија на патеката во Серес, Грција предвиден за викендот 6,7 и 8 јули каде што ќе се одржат два натпревара од календарот за 2018 година, соопштија од МФМ.

Ќе се одржат трки со мотоцикли до 125 кубни сантиметри; мотоцикли до 600 кубни сантиметри сериски мотоциклисти; мотоцикли до 600 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација; мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, сериски мотоцикли и мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, натпреварувачка хомологација.

Трката ќе биде организирана во соработка со Балканската мото унија.

– Во иднина амбицијата на новото раководство на федерацијата е да се погрижи сите мотоциклистички шампионати да добијат сопствени патеки каде би се организирале идните национални и меѓународни натпревари, информираат од МФМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...