Меган Маркл, војвотката на Сасекс, денеска на свет донесе момче. Веста ја потврди нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Тој рече дека двајцата се „апсолутно воодушевени” и и се заблагодари на јавноста за поддршката за време на бременоста на Меган. Таткото додаде рече дека Меган и бебето се „неверојатно добро”.
Бакингамската палата соопшти дека бебето тежи 3 килограми и дека војводата присуствувал на породувањето.
Војводата изјави дека сѐ уште размислувале за имињата на новороденчето.
Меган и Хари се венчаа лани на 19 мај, а нивното бебе ќе биде осмото правнуче на кралицата Елизабета втора.