Во полицијата е пријавена кражба на 15.000 евра од стан на улицата Христо Татарчев во Скопје, која се случила изминатиот викенд.
И.И (37) вчера изутрина пријавил дека е извршена тешка кражба во неговиот дом. Крадецот со употреба на клуч-клауз делувал на бравата и ја отклучил по што влегол во станот и одзел околу 15.000 евра по што го напуштил местото на настанот, навеудва Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.