Украдени се 2,4 милиони денари од Д.К. (38) додека бил паркинг на булеварот „Јане Сандански“ зад експозитура на банка, од каде претходно ги подигнал парите.
Оштетениот во полицијата денеска околу 11:15 часот пријавил дека разбојништвото го извршиле две непознати лица кои дошле со моторцикл. Рекол дека му се одземени околу 2.400.000 денари кои претходно ги подигнал од банката.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.