Во Македонија има околу 12.000 лица со аутизам?! (ВИДЕО)

166

Денеска е Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам. Целта е да стави акцент на пречките што луѓето со аутизам – и другите кои живеат со аутизам – се соочуваат секој ден.

Исто така, се прослават уникатните вредности на оние со аутизам, притоа ставајќи огромен акцент на топлата прегратка и добредојде. Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред тригодишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат.

Во Македонија нема регистар за луѓе со аутизам, но ако ја прифатиме светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден аутистичен тоа значи дека овде има околу 12.000. Ова е голема бројка за да се занемари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...