Заев: Денот на македонскиот јазик е празник и за сите други граѓани

188

Во мое и во име на Владата на Република Северна Македонија, овде пред вас, уште еднаш испраќам јасна порака, дека оваа Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапреди македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ. Нашата татковина, како што велеше Блаже Конески, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето по повод „5 Мај – Денот на македонскиот јазик“.

Тој додаде дека Владата е посветена на грижата за правилната употреба на македонскиот јазик и спомена дека покрај тоа што во соработка со Институтот за македонски јазик обезбеди интернет пристап на „Правописот на македонскиот јазик“, се прават напори на граѓаните да им бидат бесплатно достапни и други дела.

Премиерот Заев истакна дека главната цел на организирањето на настанот е да се чујат сите укажувања и предлози за сеопфатен и стратешки пристап за да се идентификуваат најдобрите можни начини за создавање услови за развој и промовирање на македонскиот јазик.

– Затоа денеска тука се поканети претставници на најважните институции што се занимаваат со македонскиот јазик, како што е Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, на Академијата на науки и уметности на Северна Македонија – МАНУ и Институтот за македонска литература“ – подвлече премиерот Заев.

– Денот на македонскиот јазик е празник и за сите други граѓани и заради нашето  заедничко, споделено чувство на припадност на една мултикултурна општествена заедница, која ги почитува и негува сите културни и идентитетски вредности на етничките заедници во нашата земја – истакна премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...