Снег и во Босна и Херцеговина

617

Во повеќето градови во БиХ температурите на воздухот се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места падна и снег.

Заснежи во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, а има снег и во Чемерно
.

Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги загрижи земјоделците. Температурата на воздухот не надминува пет степени. Облачно време со повремени дождови се предвидува и за наредните денови.

Снег вчера падна и на загрепско излетничко место Сљеме. Температурата на воздухот во одредени делови на Хрватска беше околу нула степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...