Припадничка на албанска армија утрово го загуби животот во Летонија, како последица на здобиените повреди од експлозија на мина, додека двајца нејзини колеги се тешко повредени.
– Од експлозијата тешко беше повредена а потоа им подлегна на повредите каплар Зарифе Хасанај (27), а повредени се командантот на албанскиот контингент, мајор Клодиан Тануши и Јулиан Капај, наредник. Албанските војници се дел од групата за демонтирање на мини во Летонија, во рамки на мисијата на НАТО во оваа земја – рече началникот на Генералштабот на албанската армија Бардул Колчаку.
Според него, повредените Тануши и Капај, се под максимален лекарски надѕор во базата во Летонија.
Албанскиот премиер Еди Рама изрази длабоко сочувство до семејството на Хасанај, а на повредените им посака брзо закрепнување.
– Длабока болка и огромна почит за припадничката на албанските вооружени сили, Зафире Хасанај, која загина на должност за време на мисијата на НАТО во Летонија, каде што беа повредени двајца други воени старешни. Длабоко и искрено сочувство до семејството, пријателите и колегите на Зафире. Споменот за неа ќе остане засекогаш – напиша Рама.
Во оваа мисија во Летонија албанските војници се две годни.