Самка Ибраимоски го бара местото на Мила Царовска

Доколку заигра метлата, ПЦЕР го бара местото - Министер за труд и социјална политика поради тоа што ние знаеме како да го раководиме тоа Министерство, а и имаме адекватен кадар кој би работел со цел да им помогнеме прво на сиромашните граѓани затоа што сиромаштијата не познава етникум, религиска ниту било каква припадност, вели Ибраимоски.

3537

Од Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) на пратеникот Самка Ибраимоски му ја честитаат победата на Стево Пендаровски и нагласуваат дека тие го направиле цензусот од Шуто Оризари. Ако заигра метлата, лидерот на оваа партија вели дека тие треба да го добијат Министерството за труд и социјална политика.

– Преку активната работа на сите наши ограноци низ цела држава, а посебно нашиот огранок во Шуто Оризари ние успеавме во општината Шуто Оризари и низ целата држава да донесеме значајна победа за нашиот претседател. Донесовме огромен број гласови како во Шуто Оризари така и во сите општини. Нека не се китат другите партии во коалицијата со нашите резултати. Ние имаме неуспорени докази од терен кои го докажуваат фактот дека нашата партија го донесе и цензусот и победата на претседателот на оваа држава – вели претседателот на партијата, Ибраимоски.

Од неговата партија очекуваат, како што велат, Заев да ја пушти метлата да заигра и во сопствените редови, но и во коалицијата со цел да има поуспешна и поефикасна Влада и институции кои ќе работат за сите граѓани.

– Доколку заигра метлата, ПЦЕР го бара местото – Министер за труд и социјална политика поради тоа што ние знаеме како да го раководиме тоа Министерство, а и имаме адекватен кадар кој би работел со цел да им помогнеме прво на сиромашните граѓани затоа што сиромаштијата не познава етникум, религиска ниту било каква припадност – вели Ибраимоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...