Триесетина легенди од поранешна СФРЈ доаѓаат во Скопје

620
ФОТО: МИА

Во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт, КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром, на 9 мај во Скопје ќе се одржи Академија по повод 80.роденден на легендата на кошарката на овие простори Лазар Лечиќ.

По тој повод, главните иницијатори за настанот, на кој се очекуваат триесетина кошаркарски легенди од поранешна СФРЈ денеска одржаа прес-конференција.

– Задоволство што ваков настан ќе се одржи во Скопје. Доаѓаат многу луѓе од поранешната заедничка држава. Ние понекогаш не ги почитуваме нашите великани. Лечиќ е голема спортска фигура, а за тоа докажува огромниот интерес од легендите на овие простори кои сакаат да присуствуваат на овој настан – изјави Васил Тупурковски претседател на МОК и поранешен претседател на Кошаркарскиот сојуз на Југославија.

Благоја Георгиевски Буштур рече дека целта на иницијативата, која со големо задоволство е примена од поранешните играчи и тренери со кои Лечиќ имал можност да работи, е да се одбележи придонесот на Лечиќ во развојот и популаризацијата на кошарката.

– Со ова сакаме да му дадеме признание на Лазар Лечиќ за се што направи за македонската кошарка кошарката и за нас. Остваривме контакти со многу луѓе кои сакавме да дојдат во Скопје. Речиси сите наши покани се од прв момент прифатени и тоа е доказ за белегот што го остави Лечиќ во македонската и југословенската кошарка – рече Георгиевски.

Имињата на дел од легендите кои ќе дојдат во Скопје ги соопшти Драган Радосављевиќ, капитен на репрезентацијата на на Југославија која во 1970 година во Риека стана светски младински шампион.

– Имињата како што се Петар Сканси, Иво Данеу, Ратко Тврдиќ, Цветковиќ, Капиџиќ и многу, многу други кои во 1970 години го освоија Мундијалот се доказ за големината на овој настан.

На Академијата се очекува присуство и на поранешните ју-репрезентативци и тренери: Маљковиќ, Тањевиќ, Новосел Ивковиќ Ѓорѓевиќ, Раѓа, Плеќаш, Јерков, Кичановиќ, Јанакис,….

На Академијата закажана за 9 мај во хотел „Александар Палас“ ќе биде прикажан и кус видео материјал од кариерата на легендата на македонската кошарка.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...