Сведоци во „Монструм“ велат еден од обвинетите имал кратка коса, а „загрозениот“ рекол долга

327

Во Кривичениот суд во Скопје  на рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска сведочеше Сенат Буши, сосед и пријател на Сами Љута.

Сведокот беше испрашуван од Судијата Огнен Ставрев, обвинителката Фстиме Феатаи и од одбраната, а прашањата се однесуваа за свадбата на сведокот на која присуствувал и Љута. Сведокот, за разлика од сведочењето од 2014 година, денеска рече дека неговата свадба била во 2012 наместо во 2011 година.

На прашање на судијата Ставрев, Буши рече дека сведокот бил со кратка коса и дека немал никаков белег на лицето. Истото го потврди и сопругата на Буши која сведочеше денеска. Овие прашања беа поставени поради сведочењето на загрозениот сведок кој потврдил дека го видел Љута на Смилковското езоро на денот на убиството со долга коса и црвена флека на лицето.

Во продолжение на судењето сведочеше и Јонче Ивановски сопственик на приватна фирма за производство на амбалажа, сосед на Фејзи Азири. Сведокот, на прашање на обвинителката Фетаи рече дека не верува дека Азири би сторил некакво дело и дека според него тој во случајот е невин.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...