Видео од циркус во Русија ги подели граѓаните на социјалните мрежи.
Тренер околу својот врат има змија која во еден момент почнува да го дави сѐ додека тој не падне во несвест. Според „Дејли мејл“, некои медиуми пренеле оти човекот е мртов. Локалната полиција негира дека тој е мртов, но не сака да каже во каква состојба е.
Иако публиката најпрво мислела дека целата ситуација е дел од претставата, набрзо сфатила дека човекот со рацете гестикулира и бара помош.
ФОТО: Принтскрин