Верниците од исламска вероисповед го почнуваат рамазанскиот пост

229

Верниците од исламска вероисповед денеска го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 29 дена до 3 јуни. На 4 јуни тие ќе слават Рамазан Бајрам.

Муслиманите следат лунарен календар и заради методологијата на набљудување на Месечината, различни држави објавуваат различен почеток на Рамазан со еден или два дена разлика.

Муслиманските верници во балканските земји, како и држави од Југоисточна Азија – Индонезија и Малезија и поголем дел од Блискиот Исток, меѓу кои и Египет, Ирак и Саудиска Арабија од денеска го одбележуваат најважниот за Исламот месец на пости – Рамазан.

Милиони други муслимани во држави како Индија, Пакистан и Иран ќе почнат со пости од утре поради поинакво толкување на фазите на Месечината.

За време на Рамазан обврзно е да се пости, и тоа се смета за еден од столбовите на исламот. Се бара од верникот целосно воздржување од јадење и пиење и телесно задоволства од изгрејсонце до зајдисонце. Се чита поинтензивно Коранот и молитви. Исклучот од постот се дозволува за деца, стари лица, болни, бремени жени и тие кои патуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...