Уапсен српскиoт коментатор Милојко Пантиќ

1645
ФОТО: МИА

Познатиот спортски коментатор Милојко Пантиќ (72) е уапсен синоќа, откако со својот автомобил Форд Фокус удри во возило на специјалните полициски единици во Нов Белград.

Како што пишува српски „Блиц“, по судирот, Пантиќ побегнал од местото, па е забележан и како вози во спротивна насока, предда биде уапсен.

Во потерата нема повредени.

Пантиќ, инаку, на македонските спортски обожаватели, им е познат по култниот коментар од еден натпревар на Југословенската фудбалска репрезентција: „Милко Ѓуровски! Милко Ѓуровски, еве го во 16-те метри! Дрибла еден. Дрибла друг. Дрибла трет! Шутира и – гооол! Леле, не е гол… А, не е ни Милко Ѓуровски!”.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...