Министерот за култура Асаф Адеми денеска ќе поднесе оставка, потврдија за Плусинфо од партијата на Африм Гаши.
Според висок функционер од Алтернатива, Адеми оставката ќе ја поднесе поради здравствени причини.
Министерот оставката ќе ја соопшти денеска на прес конференција.
Неодамна се шпекулираше дека Адеми ќе се повлече од функцијата поради скандалот со финансирањето на проектите од Програмата за култура, но ова од партијата тогаш го демантираа.
Од Алтернатива информираат дека ресорот култура останува кај нив.
Ресорот култура за речиси две години ќе добие трет министер. Пред Асаф Адеми со ресорот раководеше Робер Алаѓозовски, кадар на СДСМ, кој сега е советник на премиерот Зоран Заев за култура.
ОБНОВЕНО:
Министерот за култура Асаф Адеми ја потврди оставката