Центарци утре чувајте го ѓубрето дома

758

Во пресрет на апостолската посета на папата Франциск во Центар ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот, информира ЈП „Комунална хигиеба“.

– Вечерва околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Св.Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј  Гологанов, Кирил и Методиј, како и на Кејот 13 Ноември. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер – стои во соопштението.

Комуналците  апелираат граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...