Летото во Европа ќе биде потопло од порано, но во текот на јуни и јули ќе има поинтензивни врнежи од дожд, соопшти метеоролошката компанија „Ведер“.
„Иако постојат значителни разлики во необработениот модел за летото, одредени верзии покажуваат значителни горештини, посебно во источна и централна Европа“, се наведува во соопштението од компанијата. Оттаму велат дека во текот на мај во јужна и источна Европа ќе се задржи постудено време.
Велика Британија и Скандинавија очекува потопло и суво време, додека Германија ќе има необично суво време во текот на тековниов месец.
ФОТО: EPA / SERGEI CHIRIKOV