Поради спуштање на студена воздушна маса утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, соопшти УХМР.
Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег.
Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.