Алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, преку нејзиниот официјален Твитер профил, доцна синоќа ги коментираше резултатот од вториот круг од претседателските избори и победата на Пендаровски, јави дописничката на МИА од Атина.
– Северна Македонија стави крај на националистичкото минато со ВМРО. По Договорот од Преспа, претседателските избори покажуваат дека нашите соседи се решени да одат напред, кршејќи ги сите националистички пречки – напиша Анагностопулу на Твитер.