Тридневна жалост за жртвите во авионската несреќа, прогласија властите во Мурманск.
– Во авионот на лет од Москва кон Мурманск имаше 78 патници и членови на екипажот. Според најновите податоци достапни на истрагата, 37 од нив преживаја – изјави портпаролката на Истражниот комитет Светлана Петмеко.
Во авионот Сухој Суперџет-100, произведен минатата година, се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот. Компанијата „Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.
Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути.
ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY