Пирати на јахта нападнале семејство од Нов Зеланд, го убиле таткото, а ги раниле мајката и едно од децата. Шеесетгодишниот Алан Калвервел бил убиен додека се обидувал да ги спаси сопругата и децата.
Семејството било разбудено од врева на врвот на јахтата, а откако Алан отишол да види што се случува, бил убиен.
Неговата сопруга и 11-годишната ќерка Бајер биле ранети со мачети, синот останал неповреден.
Како што пренесува „Дејли мејл“, според зборовите на сестрата на нејзиниот сопруг, Дерин успеала да се спаси себеси и децата заклучувајќи се во долната кабина. Таа успеала да му се јави на својот пријател кој им помогнал да се вратат на безбедно.
Семејството ја купило јахтата во САД и две години патувало низ светот.
Панама требало да им биде последна дестинација, пред да се вратат во Нов Зеланд.
ФОТО: Фејсбук