Елизабета Ѓоргиевска, новата прва дама на Македонија, сопруга на новиот претседател Стево Пендаровски, денеска слави роденден.
Таа денеска полни 47 години.
Ѓоргиевска е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.
– Не постои подобро чувство од тоа дека некој е секогаш тука. Подадена рака. Заштита. Човек од збор. Да поттикне радост и да намали тага. Да не се повлече никогаш. Таков е Стево, го знам 23 години и отсекогаш знам дека тој е човекот на кој можам да сметам. Столб на семејството, а таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Токму затоа знам дека со него сите ќе одиме напред – рече Ѓоргиевска за својот сопруг Стево во видео порака за време на кампањата.