Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и австрискиот канцелар Себастијан Курц му ја честитаа победата на новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски.
Шефот на Северноатлантската алијанса преку Твитер му честиташе за победата.
„Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“, напиша Столтенберг.
Австрискиот канцелар Курц во неговата честитика до Пендаровски на Твитер напиша:
„Честитики за новоизбраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски. Ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата земја на патот кон членство во ЕУ“.