Почнува рамазанскиот пост

186

Верниците од исламска вероисповед денеска го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 29 дена до 3 јуни. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и од пиење.

На 4 јуни тие ќе слават Рамазан Бајрам. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за стари и болни лица. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...