На предвремените избори за градоначалник во Ново Село победи кандидатот на СДСМ, Никола Андонов. Предноста пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков е со 19 гласови.
Штабот на СДСМ во оваа општина прогласи победа и таму слават приврзаниците на оваа партија.
Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијално преброените гласови, го потврдија водството на Андонов со 17 гласови предност.
Во ОИК Ново Село се уште се бројат гласовите и досега се преброени 15 од вкупно 20 гласачки места.