Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети му ја честиташе победата на Стево Пендаровски и оцени дека станува збор за триумф на концептот за консензуална демократија.
– Консензуалната демократија е основен принцип од Охридскиот рамковен договор и единствена алтернатива која ќе не носи на патот кон НАТО и почнување преговори со Европската унија. Овој концепт нѐ зближува со меѓународната заедница, а сѐ спротивно ќе значеше состојба во која другите земји ќе сметаат дека не сме подготвени како земја да започнеме преговори – рече Ахмети.