Честитки и ви благодарам. Имаме успешни и демократски избори. Добивме претседател на државата. Одекна мнозинската граѓанска определба на чисти и демократски избори, продолжуваме заедно напред, порача вечерва премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.
– Патот е потврден и поплочен со успех. Република Северна Македонија со сигурност продолжува напред. Ова е победа на граѓаните и на Републиката. Денес сите може да славиме оти покажавеме дека земјата е европска. Имаме беспрекорно чисти избори во двата изборни ктуга. Покажавеме дека сме подготвени за Европа. Од денес никој не може да застане на патот на преспективите. Од преброени 96 отсто гласови Стево освои 423,000 гласови, а Силјановска нешто надр 360.00 гласови, тоа е разлика од 55.000 гласови. Вечерва имаме и победа во Охрид, Константин Георгиевски победи со повеќе од 3,800 гласа, Победивме и во Ново село. Браво граѓани од различни етнички определби. Заслужуваме да одиме напред, нашето месо е во ЕУ и НАТО и точка. Нема веќе режим никогаш повеќе. Мицкоски е поразен, поразени се деструктивните и политиките на немање став. Како власт остануваме посветени на нашите приоритети, Прво нашата заемја станува чкленка на НАТО, продолжуваме да ги насочуваме парите кај граѓаните, ќе ги корегираме слабостите кај функционерите- порача Заев.
Тој на Пендаровски му порача да биди секогаш критичен и правичен, да ги чува граѓаните.