Во име на Централниот изборниот штаб на Демократската Партија на Албанците им се заблагодаруваме на сите активисти и симпатизери за напорите и ангажманот што ги дадоа во вториот круг од претседателските избори, рече Луан Треси, шеф на изборниот штаб на ДПА.
– Оддаваме посебна благодарност до сите Албанци кои учествуваа на изборите и придонесоа за избор на претседател на Северна Македонија. Врз основа на податоците со кои ние располагаме, заедничкиот владин кандидат Стево Пендаровски води убедливо, наспроти кандидатката Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сојузници. Со победата на заедничкиот владин кандидат се заокружува процесот на зачленување на земјата во НАТО, со што се дава и удар врз обидите за влианије на руската политика во овој регион. Сега веке не треба да има пречки за да продолжиме да се движиме уште посигурно кон Европската унија – рече Треси.