Јанушев: Сѐ освен победа на Силјановска ќе фрли темни дамки за изборен инженеринг

312

По затворањето на избирачките места и од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја одржаа првата прес-конференција, но не соопштија никакви резултати со образложение дека пристигнуваат во секој момент.

– Првичните резултати пристигаат и очекуваме одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ со најголем број на гласови и сето ова е резултат на новата реалност, на волјата на народот. Сѐ освен победа на Силјановска ќе фрли темни дамки за сериозен инженеринг – рече генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Тој рече дека народот се дигнал против власта на Заев и оти е почнат неговиот пад, како и дека бројот на општини каде тој ја губи поддршката и сега ќе биде огромен. Тој имаше и низа забелешки за изборниот ден.

– Власта денес воопшто не беше на висина на задачата. Ззабележани се низа нерегуларности кои регистрираа изборен инженеринг. Ова не е ништо друго туку паника на власта. Имаше организирано гласање, семејно гласање, притисоци, закани, индиции за поткуп. Во Прилеп имаше организирано гласање, луѓе на СДСМ носеа на гласање други луѓе. Постои огромен сомнеж дека се носени под резултат на закани и поткуп. Ново Село, каде се бира и градоначалник, денеска беше под полициска опсада. Оној партиски дел од полицијата го опседна. Во Битола беше присутно целокупното подземје на градот. Се знаат регистарските таблици – рече Јанушев.

За организирано гласање тој обвини и за во Шуто Оризари, Чаир, Штип, Радовиш, Куманово…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...