Џафери: Очекувам да се избере новиот претседател ВИДЕО

72

Со изборот на претседател ќе го заокружиме процесот на евроатланските интеграции, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој утрово, во Форино, придружуван од сопругата, гласаше во вториот круг од претседателските избори.

Џафери очекува изборниот процес да мине мирно, исто како во првиот круг, бидејќи, како што нагласи, нема причини да не биде така. Смета и дека ќе има цензус.

– На крајот на денот очекувам да биде исполнет цензусот од излезноста на граѓаните на избирачките места и да се избере новиот претседател. На тој начин ќе се обезбеди и функционалност на оваа државна институција и нормален тек на државата во контекст на евроатлантските интеграции. Со тоа би го заокружиле и тој процес – изјави Џафери.

Доколку цензусот не биде исполнет, Џафери ја нагласи неговата улога како претседател на Собранието и според должноста, рече, ќе распише нови избори за повторување на постапката за избор на шеф на државата.

– Во тој случај ќе треба да се прават калкулации, бидејќи евентуалниот термин за нови избори ќе падне во време на годишни одмори, што негативно ќе влијае врз изленоста. Ако сега не се постигне цензус, тоа ќе биде потешко во јули или август – подвлече Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...