Вториот круг од претседателските избори 2019 година МОСТ го набљудува со статични набљудувачи на 33 отсто од вкупниот број на избирачки места. Во текот на денот, за сите забележани неправилности МОСТ известуваше на четири конференции за медиуми.
Во периодот од 17 до 19 часот, според потврдените информации забележано беше следното:
На ГМ 2659 во општина Кисела Вода, гласач го фотографирал гласачкото ливче, при што реагирал ИО и била повикана полиција. Гласачкото ливче било поништено, а гласањето било прекинато во период од 15 минути.
На ГМ 0506/1 во с. Чегране, општина Гостивар, 13 гласачи не биле проверени со УВ ламба, 8 гласачи не биле обележани со спреј, а биле забележани и 4 случаи на семејно гласање.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 17 часот е 38,8%, додека до 18 часот е 42,7%.