МВР: Кичевчанец го сликал гласачкото ливче, а во Кисела Вода насликан е избирачкиот одбор

346

Министерството за внатрешни работи попладнево информира за евидентирани нерегуларности на неколку места во врска со гласањето на вториот круг од претседателските избори.

Според МВР, позади основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, надвор од гласачкото место, пронајдени се околу 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори. И на улицата „Коста Новаковиќ“ во две згради, од страна на граѓани е пријавено дека има расфрлени летоци со содржина во врска со претседателските избори.

Во 12,30 часот од oпштинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичево е пријавено дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето е повикано во ПС ОН Кичево и е известен јавен обвинител.

Во 14,30 часот, од страна на заменик претседател на Избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во oсновното училиште „Златан Сремац“, на подрачје на ПС ОН Кисела Вода, пријавено е дека В.Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор. Од страна на полициски службеници лицето е задржано и во ПС за натамошна постапка.

Во ПС ОН Кочани, С.С. телефонски пријавил дека во близина на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.

Од страна на општинскиот огранок на политичка партија од Чешиново-Облешево во писмена форма е пријавено дека две лица од село Облешево со патничко возило вршеле агитација во село Облешево. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...