Државната изборна комисија информира дека до 15 часот на гласање во вториот круг од претседателските избори излегле 30,15 отсто од избирачите.
Станува збор за обработени податоци од 99,39 отсто од 3.512 избирачки места, тоа се 541.885 гласачи од вкупно 1.808.131 граѓани со право на глас.
За да биде избран претседател во вториот круг, потребно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно 723.252 гласачи.
Во првиот круг, излезноста до 15 часот беше 28,2 отсто, или 507.129 гласачи. Избирачките места се отворени до 19 часот.