Aвтобуси со број 100 и 200 ќе сообраќаат за време на Саемот на книга

Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена, а линијата 200 од населба Дексион до ВИП Арена. Цената на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

1492

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и оваа година заради полесен пристап на посетителите ќе воведе две специјални автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП Арена „Борис Трајковски“ за време на одржувањето на Саемот на книгата од 8 до 14 мај.

Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена, а линијата 200 од населба Дексион до ВИП Арена. Цената на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

На 31. Саем на книгата ќе учествуваат околу 70 издавачи. Покрај домашни, ќе има и од Србија, Косово, Албанија, Данска, како и од Унгарија, која годинава е земја во фокус и чија книжевност ќе биде претставена на штанд на Унгарската амбасадa.

Цената на влезница за Саемот на книга е 30 денари, а групната 20 денари. Работно време на саемската манифестација е од 10 до 20 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...