Ливерпул останува без Фирмино во реваншот против Барса

294

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино ќе го пропушти претстојниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона на „Енфилд“.

Бразилецот ја пропушти победата на Ливерпул со 3:2 при посетата на Њукасл поради повреда во мускулот.

По натпреварот, менаџерот на Ливерпул потврди дека Фирмино нема да може да учествува на натпреварот против Барселона.

– Тој нема да биде подготвен за натпреварот во вторник – рече Клоп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...