До среда заборавете на пролетната гардероба

Температурите до крајот на неделата ќе се движат од минус два до десет во утринските часови, а максималните во текот на деновите ќе бидат од 10 до 26 степени. 

452

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и особено во југоисточните делови, засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде од 8 до 13 степени, а максималната ќе се движи од 15 до 21 степен.

И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови.

Како што информира УХМР, кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег.

Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.

Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.

Температурите до крајот на неделата ќе се движат од минус два до десет во утринските часови, а максималните во текот на деновите ќе бидат од 10 до 26 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...