Гласањето тече нормално, ќе се „фати“ ли цензусот од 723.252 гласачи? 

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

403

Гласачките места се навреме отворени, а гласањето тече без проблеми на вториот круг од претседателските избори, потврди за МИА портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска. 

Таа соопшти дека досега немаат информации за сите гласачки места и дека во тек се контакти со општинските изборни комисии.

Денеска се одржува вториот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.

Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. За да бидат изборите успеѓни, во вториот круг треба да  биде постигнат цензусот, односно на гласачките места да излезат 40 отсто од вкупниот број избирачи, односно 723.252 гласачи.

Претседателските избори ќе ги следат 3.381 домашен набљудувач и околу 520 странски набљудувачи, акредитирани од ДИК.

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија. Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

Вчера, ден пред изборите, гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...