Бесплатни билети за литургијата на папата и утре

348
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск информира дека се преостанати мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од посетата на папата, литургијата на скопскиот плоштад на 7 мај. Ова го соопшти Секторот за односи со јавноста при Владата.

– Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски
јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и во текот на утрешниот ден во перидот од 12 до 17.30 часот на промотивниот штанд пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија во Скопје – велат оттаму.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...