Четири нови краци на улицата „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром

375

Општина Аеродром деновиве ја почна изградбата на четири нови краци на улицата „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром.

Како што соопшти Општината, станува збор за четврта фаза од изградбата на пристапни улици, со комплетен водовод, атмосферска канализација, тротоари од двете страни и улично осветлување.

Исто така, улично осветлување ќе се изведе и на други три улици во локалитетот Црква УЕ Б.

За проектот се издвоени околу девет милиони и 300 илјади денари од буџетот на Општина Аеродром.

Со изградбата на краците се заокружува инфраструктурата во овој дел од општината и жителите на новите згради ќе добијат современи и подобрени услови за живот, стои во соопштението на Општина Аеродром.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...