Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, и со заменик министер за култура Владимир Лазовски, денеска присуствуваа на панихидата посветена на 116 годишнина од смртта на Гоце Делчев.
Делегацијата положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје и оддаде почит на големиот македонски револуционер.
Владината делегација вечерва ќе присуствува и на концертот „Гоце 116“ на камерниот оркестар на Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија и музичари од Филхармонија на Благоевград – Р. Бугарија, под диригентската палка на Христо Христов, кој ќе се одржи вечерва во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија.