Јанакиески: Секој ден сум на судење, кога да ги видам доказите?

На обраќањето на Јанакиески се надоврзаа и другите адвокати меѓу кои и оние на Груевски. Тие рекоа дека и нивниот клиент Никола Груевски има само два дена да врши увид бидејќи другите денови до 12 април има судења.

589

Имам закажани судења, само два дена имам можност да правам увид во доказите на СЈО, затоа барам судот да дозволи повеќе дена за да направиме увид. Има 25 кутии, над 6.000 документи и над 100.000 страни, нема да можеме да извршиме увид.

Ова му го кажа Миле Јанакиески на судијата Осман Шабани кој го прифати барањето за одложување на главната расправа и им даде рок до 12 април да вршат увид во доказите на СЈО.

На обраќањето на Јанакиески се надоврзаа и другите адвокати меѓу кои и оние на Груевски. Тие рекоа дека и нивниот клиент Никола Груевски има само два дена да врши увид бидејќи другите денови до 12 април има судења.

Судијата Шабани остана на првичното дека до 12 ќе може да вршат увид и оти за тоа имале време и претходно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...