Победник на 15-то издание на „Визер скопскиот маратон“ што денеска се одржа на скопските улици е Чалачев Асмамав Тирунех од Етиопија. А нашиот Александар Кираџиев маратонската трка ја заврши на шестото место.
Трката од 42 километри Тирунех ја истрча за 2:15.37 часа, втор стаса Вилфред Корир од Кенија, а трет, исто така Етиопјанец, Гетаја Гелав.
Во женска конкуренција Јунис Мухири (Кенија) со време 2:33.38 часа постави рекорд на маратонот, додека на второтои третото место завршија нејзините сонароднички Јулитер Тануи и Наоми Лимамуреи.
Дарио Ивановски е победник на полумаратонот со време 1.21.31, пред Србинот Кристијан Стошиќ и Милош Ранчиќ од Македонија. Кај дамите Унгарката Зита Качер беше најбрза, 1.22.53, пред Миљана Ристиќ од Македонија, односно Емилија Тодоровска – Елиас од Шведска.
На трката на 5.000 метри во машка конкуренција на подиумот се најдоа, Леонид Вандевски, кој прв ја заврши трката пред Павле Јовановски односно, Пепи Аникијев.
Во женска конкуренција, победничка на трката беше Марија Стоќановска, на второто место заврши Ања Еклер, додека Ирма Хајдари беше трета.
На годинашниот „Визер скопски маратон“ имаше рекордна бројка од 12.500 учесници, од кои повеќето во трката на 5 километри.
ФОТО Принтскрин