Македонија е 42-та земја што ќе ја посети папата Франциск

113
Photo: EPA-EFE / GIUSEPPE LAMI

Северна Македонија ќе биде 42-ра земја што ќе ја посети папата Франциск од неговото устоличување како понтиф на Римокатоличката црква во 2013 година. Папата треба да пристигне во апостолска посета на земјава на 7 мај, а претходно ќе ја посети Бугарија.

Папата досега имал 29 апостолски патувања надвор од Ватикан кои опфаќаат земји каде што живеат римокатолици, но и држави во кои мнозинството го сочинуваат православни, протестански и муслимански верници, како и припадници на други религии.

Прва земја што ја посети откако го наследи претходниот папа Бенедикт XIV во 2013 година беше Бразил. Папата Франциск серијата апостолски патувања ја продолжи во 2014 година кога ги посети Израел, Јордан, Палестина, Јужна Кореја, Албанија, Франција и Турција. Во 2015 папата посети уште 11 земји, Шри Ланка, Филипни, Босна и Херцеговина, Боливија, Еквадор, Парагвај, Куба, САД, Кенија, Уганда и Централно Африканската Република.

Во 2016 имаше апостолски посети на Мексико, Грција, Ерменија, Полска, Грузија, Азербејџан и Шведска, а во 2017 на Египет, Португалија, Колумбија, Мијанмар и Бангладеш. Минатата година папата Франциск беше во Чиле, Перу, Швајцарија, Ирска, Естонија, Летонија и Литванија.

Годинава пред посетите на Македонија и Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква престојуваше во Панама, Обединети Арапски Емирати и Мароко.

По Бугарија и Македонија следна земја што треба да ја посети папата Франциск ќе биде Романија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...